Ray – Ban: Култни очила што ги “одбиваат“ сончевите зраци


На самиот почеток, Ray – Ban започна да ги произведува двата модела, Aviator и Wayfarer, по коишто се препознатливи и денес. Зачетоците на компанијата водат во периодот меѓу двете Светски војни. Па така, во тој воен период е зголемена побарувачката за оптички инструменти, а компанијата Bausch & Lomb веќе во периодот 1963 – 1937 година ги произведе првите оптички очила. Една година подоцна, компанијата решава дека освен за воени потреби, очилата може да ги прилагоди и за обичните потрошувачи, по што ги лансираат препознатливите “пилотски очила“.

Идејата за овие очила доаѓа од проблемот со којшто се соочил Џон Мекреди, американски тест – пилот. Тој се пожалил од сончевата светлина што му пречела во текот на летовите, па затоа стапил во контакт со компанијата Bausch & Lomb за да направат очила што ќе го штитат од зраците. Моделот Aviator, освен по софистицираниот облик, беше препознатлив и по тоа што зелените леќи ги филтрираа ултравиолетовите и инфрацрвените зраци.

Следниот модел што предизвика голем интерес беше Wayfarеr. Овие очила наидоа на  голема слава и добија поддршка од познати и јавни личности. Препознатливи очила на Ray Ban се и Clubmaster.

Брендот го добива името Ray – Ban, што во основа значи banning the sun rays или одбивање на сончевите зраци.

Брендот доживува вистина револуција и огромен раст, сè до 90-тите години, кога е забележан пад во продажбата. За многумина во тоа време, овие очила стануваат старомодни, а Bausch & Lomb почнаа со развој на други интереси, па брендот во 1999 година е продадена на Luxottica. Оваа компанија, пак, е основана во 1961 година од страна на Леонардо Дел Вечио од Италија.

Во 2000 година, Luxottica го редизајнираше изгледот на Rаy – Ban, земајќи ги предвид новите модни трендови. Едни од редизајнираните очила што се најпознати се RB2132, чии рамки се помали и за нивно производство се употребува полесна пластика.

Денес, за да може да опстои овој бренд мора да ги следи светските трендови не само во модата, туку и во технологијата. Сведоци сме на голем број очила за виртуелна реалност, па така во 2014 година Ray – Ban потпиша договор за соработка со Google Glass. Овие очила на корисникот му нудат голем број опции што поддржуваат напредните технологии.