Miu Miu


Miu Miu е италијански висок моден бренд за женска облека и додатоци од модната куќаPrada. Miu Miu e отворен во 1993 година и е предводен од Miuccia Prada. Името на колекцијата е превземена од нејзиниот прекар.

Во однос на модните додатоци, Miu Miu поседува колекција на сончеви и диоптриски очила кои што се производени од Luxottica. Очилата се карактеризираат со меѓусебен сплет од од експериментирање и креативност, а сите колекции  се изработени со голема доза на експерименталност и посветеност на детали. Секој модел се одликува со уникатен облик, минималистички дизајн, скапоцени детали, тенки метални елементи и боени делови на ацетат. Моделите на Miu Miu  се наменети за софистицирани жени кои се карактеризираат со силна персоналност и кои секогаш ги следат најновите трендови.