Dolce and Gabbana е италијанска модна куќа која произведува облека, аксесоари, чевли, парфеми и накит. • Во 2006 година Luxottica и Dolce and Gabbana започнуваат заедничка соработка за производство на очила.
Очилата на Dolce and Gabbana во себе го носат духот на Сицилија, разиграност од бои и дезени. Без особено експериментирање во поглед на дизајнот, женските очила на Dolce and Gabbana се карактеризираат со особено женствен облик, совршени пропорции и елеганција од една страна до скапоцени модели рачно изработени во лимитирани колекции од друга страна.