Со историја од 160 години зад себе, Maison Boucheron со право може да се етикетира како луксуз кој е традиционален и неповторлив.
Посебно структуирани колекции, вклучувајќи најлуксзузни материјали, скапоцени камења и рачна изработка се дел од секој модел на Boucheron што е олицетворение на безвременски луксуз кој секој го посакува. Колекциите Quatre и Serpent Boheme создадоа име за себе низ годините како современа колекција, незаменлив дел од Maison Boucheron. Со својата безвременска елеганција и оригиналност, тие ги олицетворуваат слободниот ум и уникатната моќ на Maison Boucheron.
Многу повеќе од едноставни парчиња аксесоари, очилата на Boucheron ја препознаваат и слават внатрешната убавина која секоја жена ја поседува. Колекцијата на очила создава престижен универзум на мистерија, заведување и интензитет.