Cazal


Cazal се луксузни очила произведени во Германија и претставуваат легендардна линија на очила, создадена од страна на австрискиот дизајнер Cari Zalloni.

Кога страста за еден производ се рефлектира во дизајнот, не постои ниту еден како Cari Zalloni, чии дизајни на очила станаа култни во текот на 80-тите години. Инспириран од хип-хоп сцената, тој го создаде Cazal кој за неверојатно брзо време прерасна во еден од најпознатите иконски и најпочитувани брендови на очила во светот.

Погледот на Cazal е дека трендовите доаѓаат и си одат, но стилот е тој што секогаш останува и никогаш не излегува од мода.

Вредноста на очилата Cazal не се гледа само во  стилот и дизајнот туку и во неговата уникатна изработка која користи првокласни материјали. Секој пар очила е составен од најмалку 50 компоненти и секој модел поминува низ 70 различни процеси на проверка на квалитет, за на крај да се постигне уникатен резултат - во рацете на носителот да се најде мало парче ремек дело.