Fendi


Создадена во 1925 година од страна на Adele и Eduardo Fendi па се до денес, Fendi претставува модна куќа со голем асортиман на аксесоари кои се мега популарни кај сите оние што посветуваат внимание на својот стил.

Уникатност, впечатливост и иновативност се компонентите кои ја отсликуваат колекцијата очила на Fendi.

Создадени за софистицирана, женствена и елегантна жена, со силна личност, очилата на Fendi се дополнети со скапоцени материјали, рафинирани детали како и смели комбинации на бои, со што овозможуваат карактеристичен изглед кој е препознатлив и безвременски.