Thierry Lasry е француски дизајнер кој ја лансира својата истоимена колекција на очила во 2006 година. Неговата замисла е да креира брендспоред кој елитата ќе се разликува од монотоната топла, притоа користејќи инспирација од 80-тите години.
Имајќи развиен стил, кој истовремено е ретро и футуристички Thierry Lasry создава високо графички модели мешајќи ретро и авангардни мотиви во секој засебен пар очила. Очилата се базирани на концептот "футуристички ретро стил" под што се подразбира дека секој пар очила е уникатно ремек дело кое истовремено има ретро стил со примеси на футуризам и авангардност.
Секој модел е рачно изработен од високо квалитетен ацетат. Рачната изработка им додава доза на уникатност и неповторливост со што ги прави очилата вистински уметнички дела.
Очилата на Thierry Lasry се препознатливи како "забележителни и впечатливи" наменети за личности кои што сакаат новитети и сакаат да бидат различни од останатите. Колекција се опишува како уникатна и ексклузивна, состоејќи се од впечатливи модели кои содржат експлозија од бои.