DITA, основана во 1995 година во Лос Анџелес, Калифорнија, од страна на John Juniper и Jeff Solorio, долгогодишни пријатели и соработници кои делат заедничка страст во полето на фотографија и филм. Нивна цел била да создадат сосема поинаква слика за очилата претставувајќи ги како најистакнат и највлијателен моден додаток.
DITA е колекција наменета за сите оние на кои досегашните комерцијални модели на очила им се веќе монотони и кои бараат нешто ново и уникатно. Денес DITA е водечки бренд кој е најпопуларен помеѓу највлијателните светски личности, стилисти и трендсетери. Познавачите на очила тврдат дека држејќи еден пар на DITA во ваши раце ќе ве заведе и ќе ви остави впечаток доживотно. Посебноста е во тоа секој модел во себе ги содржи најважните 4 компоненти: стил, квалитет, удобност и посветеност.
Создавањето на еден пар очила DITA може да помине низ дури 320 чекори во производството и целиот процес да трае 8 месеци.
Произведени во Јапонија, во најстарите и најреномирани фабрики во светот посветени исклучиво за производство на очила, вклучувајќи фабрики кои биле во сопственост на истите семејства со генерации, секој модел на DITA претставува една засебна неповторлива приказна во кое се гледа вложениот труд, страст, убавина, луксуз, елеганција и совршеност во секој поглед.